Вечер анализа

Европа се дели на три дела, ние одиме во Православниот сојуз

Европската унија, оваа каква денес ја познаваме, наскоро може да станеме нешто од минатото! Ова не е констатација на евроскептиците, туку резултат од анализа на американската разузнавачка агенција ЦИА. Унијата во блиска иднина најверојатно ќе ја видиме како сосема поинаква - поделена во три дела - "Нова Унија", "Стара Европска унија" и "Православна унија" како троделна целина на Европа, а во третиот дел би влегла и Македонија, или Северна Македонија.

Во исто време, највлијателната американска геополитичка агенцијата Стратфор предвидува големи промени во Европската унија - зајакнување на полските и романските влијанија и тоа преку стратешко партнерство со САД, а исто така Стратфор го гледа и подемот на Турција како регионална сила и слабеење на германското влијание во Европа.

Проекцијата на ЦИА за Европската унија до 2020 година предвидува создавање Западен блок, или "Стара Европа", која ќе се состои од Германија, Франција, Австрија, Велика Британија (доколку сосема не ја напушти ЕУ по Брегзит), Шпанија, Португалија, Италија, Шведска, Норвешка, Финска. Вториот сегмент, "Нова Европа" ќе ги вклучува Латвија, Литванија, Естонија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Словенија и Хрватска, унија на држави од католичка и умерено развиена Европа составена во најголем дел од членовите на поранешниот советски Варшавски пакт, а денес и во иднина овој блок е главната американска воена поддршка на ЕБОП.

Уште пред една деценија ЦИА предвидуваше дека Европа ќе се најде во голема внатрешна криза, поради што влезот на балканските земји во ЕУ едноставно - нема да биде можен. Токму тоа е констатација и на Франција и Германија последниве 4-5 години. Затоа, уште тогаш ЦИА проценуваше а денес американскиот Стартфор потврдува создавање "Трета, православна Европа" во која би влегле пред се балканските држави како Србија, Грција, Бугарија, Македонија и Романија и тие ќе бидат дел од групата "Православни европски блок". Кон овие држави во оваа група би се приклучиле и БиХ и Албанија.

Според проекцијата на ЦИА Втората зона, наречна Нова Европа, каде припаѓаат претежно католички постокомунустички земји од Источна Европа, ќе биде доминантно под покровителство и директно влијание на САД, додека Албанија и Косово кои и денес важат за американски извршители на Балканот, заради својата мешана етничка структура со соседните држави и георгафската одделеност од католичката Нова Европа, ќе мора да бидат дел од "Православната зона" која Стратфор ја нарекува "гасна заедница", пред се заради проценката дека оваа зона постојано помалку или повеќе ќе има руско влијание и ќе зависи од рускиот гас.

Превирањата во Европската унија, според Стратфор, започнале уште во 2008 година бидејќи ЕУ со должничката и кредитна криза паѓа е во проблеми и внатрешни конфликти на концептите за излез од кризата што го разнишало единството на Унијата, и според Стратфор тие поделби се трајни, со многу мала веројатност дека ќе може да се врати поранешното единство на Унијата која, и ако преживее, ќе функционира ограничено и фрагментирано, поделена на делови кои имаат сосема различни интереси и степени на развој.

- Во следната деценија, Европа ќе се соочува со подемот на засилување на концептот на национални држави како движечки сили на континентот. Бројот на држави најверојатно ќе се зголемува поради засилените движење за отцепување, или распаѓање на неколку земји - пишува Стратфор во проекцијата за иднината на Европа до 2025 година.

Многу промени ќе бидат видени во Европската унија и на Балканот во наредните години, особено тешки последици се очекуваат, како што е се предвидува, во однесувањето на Германија која инстистира на европско лидерство и создавање сегмент во Унијата од најразвиените европски држави како посебна економска и геополитичка целина според коцептот: глас и влијание може да се има согласно големината на државата и нејзината економска моќ. Веќе се остварува првиот чекор со укинувањето право на вето од било која европска мала држава наспроти вољата на големите.

Полска, како најмоќен директен американски сојузник во Унијата, ќе ја зголеми регионалната моќ, проценува Страфор. Се истакнува и дека до крајот на оваа деценија Турција ќе се издигне на ниво на голема регионална сила, како на Балканот и во југоистична Европа, така и на Блискиот исток како главен ривал на Иран.

Економскиот пад во Европа е во голем дел резултат на стареењето на Стариот континент, едноставно - нема нови поколенија кои можат да се носат со Кина и САД, и Европа не може да го покрие тој хендикеп ниту со увоз на квалификувани бегалци бидејќи тие не се во состојба за брзо вклучување во современите технологии и пазарни односи, а со себе носат култура која е длабоко спротиставена на европските традиции и вредности. Тоа значи нови поделби, и нови проблеми за Европската унија, особено за најразвиените држави собрани во пактот околу Германија и Франција.

Зголемените внатрешни тензии, намалувањето на економската моќ и разбивање на заедницата оставаат и други последици за Европа: Намалување на геостратешката важност на Унијата која и онака не е компактна воена сила туку се потпира на НАТО кој е раководен од Вашингтон, во време кога САД почнаа да праќаат фактури до богатите европски држави бидејќи не сакаат во недоглед тие да плаќаат скапа НАТО војска која и служи на Европа, а од друга страна европјаните своите пари да ги трошат на руски гас и зголемување на својата конкурентност во однос на американските банки и компании. Без силна НАТО алијанса Европскта унија е осудена на распад, па и меѓусебни конфликти. А за силна НАТО алијанса сега Европа треба да плати нови пари, по што слабее европската економска моќ... тоа е спирала која во секој случај води - во европска криза.

Етнички, Европа, особено богатите европски држави трпат силни етнички и културни промени. Во Германија и Франција муслиманите од Турција и другите муслимански држави веќе имаат битно влијание на локланите и регионалните избори, а делумно и на државните, и таа нивна моќ секоја година се зголемува. ЦИА уште пред десет години процени дека муслиманската популација во развиените држави на Европа до 2025 година ќа се зголеми на 20, а во некои региони дури и над 30 проценти од населението, што би можело дополнително да ги зголеми тензиите во Европа.

Последниот извештај на ЦИА, за кој и овде станува збор, вели дека политиката на Трамп кон Европа во суштина само ги санкционира фактите од теренот за кои со години се молчело, или биле криени под тепих. А тие факти се дека Европската унија веќе го нема значењето на толку важен фактор на кој секогаш без поговор треба да му се плаќаат капрците и промашувањата за да остане верен сојузник на Вашингтон.

САД има тензии со Кина и Русија, и тоа е очигледно, а во тие тензии Евопа не покажува единство во стартешката соработка со САД туку е поделена, и дел од неа јасно покажува разбирање за руските интереси. Кога е веќе така, нема никаква причина Вашингтон преку НАТО да издржува лабави сојузници а преку поддршка за економскиот развој на Европа по секоја цена да ја слабее својата конкурентност на светскиот пазар.

Заклучок: Европа ќе биде препуштена сама на себе, а САД ќе инвестираат локално, во држави кои се цврсто определени за сојуз со Вашингтон, и подготвени да се спротистават на руското влијание. САД во таа група ги препознаваат Полска и десетина држави претежно од поранешниот советски блок, наречени Нова Европа. Германија и Франција се економски длабоко зависни од рускиот и кинески пазар за да можат да делуваат независно, и строго според американските интереси контра Русија и Кина.

Ние, на Балканот, остануваме и во ова делење на картите на листата на чекање. Под влијание на Турција и исламот. Некои држави како Романија, Бугарија и Грција, иако се технички во Европската унија, нема да ја имаат функцијата и значењето на членки равноправни со големите, па ниту со членките на Нова Европа предводени од Полска. Остануваат важни само како НАТО бази блиску до руската граница, и со тоа нивното значење е исцрпено.

Останатите, како Македонија, Србија, Босна или Албанија... според овие извештаи на ЦИА и Стратфор, никогаш и нема да влезат во Европската унија каква денес ја знаеме бидејќи според нив до 2025, за кога се најавени првите можни нови приеми, денешната Европската унија нема да постои, а нас евентуално не чека место во Православниот блок, или Гасната Европа како ја нарекува американскиот Стратфор. Ако не за друго, тоа е можност за намалување на тензиите бидејќи сите поделени Македонци, Албанци и Срби ќе живеат во ист сојуз.

А зошто тогаш се уриваше Југославија, со над 200.000 жртви зад тоа уривање, и над 400 милијарди долари економска штета ако ни требаа 35 години талкање по војни и уништувања за да се вратиме каде што бевме тогаш.                       (Vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари