logo
logo
logo

ПОЛНА МЕСЕЧИНА во ОВЕН им носи ЉУБОВ на тројца претставници на зодијакот

Vecer | 27.09.2023

ПОЛНА МЕСЕЧИНА во ОВЕН им носи ЉУБОВ на тројца претставници на зодијакот

Во петок, на 29 септември, ќе уживаме во енергијата на полната Месечина во хороскопскиот знак овен. Деновиве ќе бидат особено специјални за припадниците на три хороскопски знаци, кои ќе доживеат голема среќа во љубовта.

Лав

Универзумот ќе ве охрабри да се покажете во вашето вистинско светло. Доколку сте во врска, сега е одлична можност да му ја покажете на партнерот вашата ранлива страна и да разговарате за вашите чувства. Ова може исклучително да ве поврзе. За слободните, ова ќе биде поттик да престанат да се преправаат и да почнат да се отвораат на секој чекор. На овој начин брзо ќе привлечете луѓе со кои можеби ќе станете пар.

Девица

Девици, вие ќе имате силни комуникациски вештини, кои особено ќе ви помогнат во областа на љубовта. Сега е време да разговарате за сè во врска со вашиот љубовен однос и да ги расчистите сите стари незадоволства. Ако сте слободни, размислете за тоа кој е најдобриот начин да ги претставите вашите потреби и желби уште на почетокот од идната врска.

Водолија

Ѕвездите ќе ви донесат нов бран оптимизам, кој позитивно ќе влијае на сите области од вашиот живот. Ако сте во врска, ова е одлично време да му посветите дополнително внимание на партнерот и да одите на забавен состанок. Напорот ќе биде награден. Ако сте слободни, ќе можете да привлечете нови луѓе со вашата пријатна енергија – можеби меѓу нив ќе има некој многу посебен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk