За што „Македонијапат“ ќе потроши пола милион евра?

Јавното претпријатие „Македонијапат" за нанесување бела боја на магистралните и регионални патишта ќе потроши околу половина милион евра, според договорот што е склучен при огласот за освежување на белите линии и друга површинска сигнализација.

Познато е дека треба да се набави бојата, разредувачот и перлата со кои се бележат патиштата кои ги одржува „Македонијапат", но не пишува за колку километри бела линија ќе се потрошат овие тони боја. За оваа набавка што ќе трае една година,„Македонијапат" ќе плати 481.000 евра (цената е без ДДВ) на скопската фирма „Крафтинг Груп" .

извор faktor.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари