Тевдовски со свое обраќање на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска ќе има обраќање на настан од високо ниво во рамки на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, а настанот ќе го отвори генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

На панелот на кој ќе се обрати Тевдовски ќе говори и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој, Анхел Гурија.

Како што соопштија од министерството за финансии, Тевдовски ќе зборува на тема „Спроведување на целите за одржлив развој во светот кој се менува: локализација, инклузивност и инвестирање во резултати“, министеорт за финансии, како што се посочува во соопштението ќе се осврне на целите за одржлив раст и реформите кои се прават во земјава за остварување на тие цели.

На панелот на кој ќе говори Тевдовски, предвидено е свое обраќање да имаат и претседателот на Европската инвестициска банка, Вернер Хојер, како и извршниот директор на Светската програма за храна, Дејвид Бизли.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари