logo
logo
logo

СЕ ОДРЖУВА РЕФЕРЕНДУМ за забрана за издавање на станови

Vecer | 07.09.2024

СЕ ОДРЖУВА РЕФЕРЕНДУМ за забрана за издавање на станови

Областа во Будимпешта одржува двонеделен референдум за потенцијална забрана за краткорочно изнајмување имоти.

Тоа би била прва забрана од ваков вид во една од најпопуларните европски туристички дестинации, со цел да се намалат цените на становите за локалното население, пишува Индекс.

Податоците на Евростат покажуваат дека во Европската унија минатата година имало речиси 719 милиони ноќевања резервирани преку онлајн платформите како Airbnb, Booking, Expedia Group и TripAdvisor. Париз води меѓу европските престолнини со над 19 милиони ноќевања.

Во Централна Европа за краткорочни престои, Будимпешта беше најпопуларна со 6,7 милиони ноќевања, пред Виена, Прага, Варшава, Краков и други.

„Не можеме само да чекаме“

Тамаш Сопрони, шеф на округот во Будимпешта каде се организираше гласањето од 2 до 15 септември, рече дека популарноста на тој град доведе до ситуација кога треба да се праша за влијанието на краткорочните изнајмувања врз достапноста на становите и квалитетот на животот.

„Не можете само да седите настрана и да чекате нешто да се случи“, рече Сопрони, шеф на шестиот округ во Будимпешта.

„Мислам дека треба да бидеме благодарни што живееме во време во кое многу луѓе можат да си дозволат одмор во странство. Но, не земаме предвид дека ќе има градови кои туристите ќе ги направат непогодни за живеење“, објасни тој.

Доколку граѓаните гласаат за забраната, таа ќе стапи на сила во 2026 година.

Владата на Орбан размислува за нови ограничувања

Референдумот веќе има пошироки импликации бидејќи владата на премиерот Виктор Орбан размислува за регулирање на краткорочните изнајмувања.

Веб-страницата за недвижности ingatlan.com верува дека забраната во шестата област, каде што цените на становите се 22 отсто над просекот на унгарскиот главен град, би можела привремено да ги намали цените на долгорочните изнајмувања.

Противниците на забраната предупредуваат дека таа не само што ќе ги загрози приходите на изнајмувачите, туку и на сопствениците на локалните кафулиња и ресторани.

Нови правила во Барселона и Чешка

Барселона во јуни објави дека ќе забрани изнајмување на туристи до 2028 година, исто така во обид да се бори против високите цени за изнајмување што ги избрка локалното население.

Чешкото Министерство за регионален развој предложи амандман со кој ќе ги принуди сите имоти кои се огласуваат на онлајн платформите да се регистрираат на новата платформа, со што ќе се олесни наплатата на државните и локалните даноци. Со тој амандман сакаат да им овозможат и на локалните власти да ги ограничат периодите во кои може да се издаваат недвижности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk