Путин: Долгот на САД од 20.000 милијарди долари го прави доларот ризична актива

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави денес дека американскиот долар е ризична актива бидејќи јавниот долг на САД изнесува 20.000 милијарди долари.

„Националниот долг на САД претставува ризик за доларот. Американскиот национален долг е 20.000 милијарди долари. сето тоа претставува товар за доларот. Што следно ќе се случи: Тоа никој не го знае. Нема одговор на тоа прашање", кажа Путин на Источниот економски форум во Владивосток.

Според него, расте бројот на земји кои размислуваат за исфрлање на доларот од меѓусебната трговија и преминување на националните валути, кон што, како што истакна рускиот претседател, Русија постепено ќе се движи.

„Официјална Москва мора да ги диверзификува странските валути што ги користи во меѓународната трговија и да не се потпира само на американскиот долар во таквите трансакции", изјави Путин.

„Сѐ повеќе се земјите кои сакаат да тргуваат во националните валути. Во ред е да се развива билатералната трговија во националните валути од аспект на одржливоста на глобалните финансии и светската економија. Постепено ќе се движиме кон тоа", порача рускиот лидер.

Путин, меѓутоа, укажа на ризиците кои може да се појават при реализирањето трансакции во националната валута, но тие, како што кажа, мора да бидат сведени на минимум преку диверзификација на транскациите и активностите.

Тој наведе и дека Русија веќе работи на зголемување на своите злати и валутни резерви.

Поврзани

Најнови вести

Коментари