Ќе ги загубиме евтините авио билети на Визер

Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници. На огласот, како што информираат од таму, била доставена само една понуда, а причината за поништувањето е затоа што на трите пликоа од понудата не бил наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот.

„Ве информираме дека по предлог на "Комисијата за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници",. На јавното отворање што се оддржи на ден 27. 07. 2018 година во Министерстото за транспорт и врски, беше доставена само една понуда. На јавното отворање, Комисијата констатирала дека доставеното барање за доделување на финансиска поддршка не е доставено согласно точка 2. 1 од Документацијата за барање, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не е наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, што е еден од условите пропишани во Документацијата за барање", информираат од таму.

Од Министерството додаваат дека врз основа на ова Комисијата констатирала дека не постојат услови за понатамошна евалуација на пристигнатото барање за финансиска поддршка.

„Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски, во најкраток рок повторно ќе го објави јавниот повик за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници, се со цел да се овозможи развој на авиосообраќајот во Република Македонија", посочуваат од таму.

Претгодно годинава Владата и одговори на Европската комисија дека поддршката за авиопревозниците е во согласност со законодавството на ЕУ.

„Владата на седница ја разгледа и усвои информацијата во врска со одговорот на Министерството за транспорт и врски до Европската комисија за шемата на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници што го користат аеродромот во Скопје. Во однос на постапката за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници, Комисијата за заштита на конкуренцијата се произнесе дека во овој случај Министерството за транспорт и врски се однесува како инвеститор во пазарната економија и дека финансиската поддршка на домашните и странските авиопревозници е целосно усогласено со соодветното европско законодавство. Во одговорот до ЕК се наведува дека на долг рок ова субвенционирање генерира позитивен ефект и придонесува за остварување поволен финансиски резултат и зголемување на БДП на земјата", соопштија од Владата во март годинава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари