Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека побарал од Министерството за правда да ги истражи компаниите за пакување месо кои, како што рече, ги зголемуваат цените на говедското месо.
Како што напиша Трамп на својата социјална мрежа „Социјална вистина“, овие компании го постигнуваат ова преку нелегално договарање, местење и манипулација со цените.
Тој не ги именуваше компаниите за пакување месо за кои станува збор.
Одгледувачите на говеда долго време се жалеа на консолидацијата во индустријата за пакување месо помеѓу „Тајсон“, „Каргил“, „ЈБС“ и „Нешнал Биф Пекинг“, кои заедно контролираат околу 80 проценти од пазарот.
„Тајсон“, „Каргил“ и „ЈБС“ платија десетици милиони долари за да ги решат обвинувањата за зголемување на цените на говедското месо со ограничување на снабдувањето со месо, наведува „Ројтерс“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата