Централен регистар бара 34 работници, некои од нив со средно образование и плата до 30 илјади денари

Централниот регистар објави jавен оглас во кој е наведено дека вработува 34 лица, дел од нив со средно образование и плата до 30 илјади денари.

Имено, за некои од позициите кои се наведени во конкурсот, кандидатите е потребно да имаат завршено средно образование, а се бараат и лица кои дипломирале на книжевност, одбрана или географија.

Како што е наведено во огласот, платите за работните позиции се движат меѓу 23 991 до 53 101 денари, во зависност од обврските и задачите што произлегуваат од нив.

Огласот е распишан денеска, а слободните рaботни позиции во Централниот регистар се распространети низ повеќе градови во државата, односно Струмица, Куманово, Виница, Гостивар, Велес, Битола итн.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари