Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер регистриран на Крит

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран на грчкиот остров Крит, објавено е на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот бил регистриран во 04:54 часот по локално време, на длабочина од 2 километри. Епицентарот на земјотресот е на 23 километри западно од Платанос, 163 километри западно од Ираклион и 287 километри јужно од Атина.

Се уште нема податоци за жртви и материјална штета.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари