logo
logo
logo

Во Албанија е идентификуван првиот случај на мајмунски сипаници

Vecer | 12.06.2025

Во Албанија е идентификуван првиот случај на мајмунски сипаници

Според медиумот, пациентот бил изолиран веднаш по потврдувањето на дијагнозата. 

Здравствените власти се мобилизирани за да ги пронајдат неговите контакти и да го спречат понатамошното ширење на болеста.

-Mладиот човек патувал во странство, барем така им кажал на лекарите кои го поврзуваат како причина за инфекцијата, бидејќи досега во Албанија не се идентификувани случаи на мајмунски сипаници или барем не се пријавени случаи од Институтот за јавно здравје, наведува телевизијата.

Симптомите на оваа болест се треска, болки во телото, отечени лимфни јазли, црвенило и осип што се претвораат во плускавци со кора. Тие обично се појавуваат на рацете, лицето и гениталиите. Мајмунските сипаници се шират преку директен контакт со заразени лица, како што е контакт кожа на кожа или интимен однос. Но, едно лице може да се зарази и преку контакт со контаминирани предмети како што се чаршафи, крпи или облека. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk