Србин на Малта отпуштен бидејќи зборувал српски на работа, се вратил и го убил шефот

Бојан Чмелиќ, Србин обвинет за убиство на Хуго Чекутки, претприемач од Малта, двапати бил отпуштен од работа.

Тој работел за претходно споменатиот претприемач во две негови фирми и се верува дека е отпуштен поради фактот што зборувал српски на работа, што е спротивно на правилото.

Ноел Фалкон, син на убиениот Хуго и директор на пет негови компании, вчера сведочеше во судот против Чмелиќ. Последното сослушување требаше да биде одложено откако Фалкон изгуби контрола и почна да го навредува Чмелиќ во судницата, додека Бојан се смееше на семејството на убиениот претприемач.

Инаку идентитетот на Бојан Чмелиќ е лажен, неговото вистинско презиме е Митиќ, а ова на судењето го потврди и инспекторот Николај Сант.

Бојан за време на престојот во странство користел лажен пасош. Тој го нападнал  Чекутки, познат како „кралот на Малта”, пред неговиот ресторан и му задал два кобни убоди со нож. Инаку, Чмелиќ има  богато криминално досие во Србија.

Тој беше обвинет дека на 13 јули, околу 22.30 часот влегол во најновиот бутик-хотел на Чекутки на Малта, му се приближил на бизнисменот, го прегрнал и го прободел во стомакот, пред многу сведоци. Чекутки бил префрлен во болница, каде што неколку пати бил опериран, но му немало спас.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари