Со секира и пресудил на мајка му, го јадел телото со денови, а што и кажал на полицијата - ќе ви се преврти желудникот (ВИДЕО)

Сабахудин Велиќ од Босанска Крупа го извршил најужасното можно злосторство. Си ја убил мајка си , и го преполовил телото и потоа со денови ја јадел. Кога во полиција го прашале зошто, одговорил дека 4 црни џинови така му наредиле! .

Ова е приказната за една трагедија, умоболен син и несреќна мајка.

33 – годишниот човекојадец вчера заминал од селото и со автомобил дошол во полициската станица во Сараево, каде признал што направил. Тој ладнокрвно и без многу емоции раскажал дека ја убил мајка си со секира, а потоа десетина дена сечел од нејзиното тело и го јадел.

Тврди дека бил под дејство на црна магија и дека 4 големи црни џинови му биле пред очите и му наредиле да ја убие мајка му, по што тој ја преполовил.

Остатокот од телото го распарчил, дел го запалил и го закопал на различни места околу куќата. Кога го прашале полицајците зошто го направил тоа, одговорил дека бил под дејство на црна магија и дека непознати суштества му рекле така да постапи.

Убиецот е предаден на психијатриско вештачење, додека околу куќата со багери се бараат остатоци од телото на несреќната жена.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари