САД ѝ донираа на Хрватска борбени летала

Соединетите Американски Држави донираа во Хрватска два борбени хеликоптери УХ-60 „Блек Хавк“, пишува загребскиот портал „Индекс“.

Како што наведува порталот, хрватскиот министер за одбрана, Дамир Крстичевиќ лани потврди дека преговараат со САД за набавка на два тактичко-транспортни хеликоптери, а според најновите информации две такви летала вчера слетале во Загреб.

Преговорите со САД, како што јавува одбранбениот портал Орбис.орг, резултирале со договорот за американска донација на хеликоптерите. Сепак донацијата не доаѓа без услови. Согласно договорот, САД бара од Хрватска да се обврзе дека во догледно време ќе набави уште неколку хеликоптери од истиот тип.

Се работи за донација вредна 55 милиони долари. Преговорите ги воделе САД и Загреб, со претставници од Пентагон.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари