Лош хорoскоп, или лош избор на страна

Ни силата не е вечна: Некогаш моќниот српски генерал заврши како патник во градски автобус

Патниците во белградскиот тролебусот 41 видоа несекојдневен приказ. Не очекуваа дека како редовен патник во јавниот градски превоз ќе го гледаат Момчило Перишиќ, поранешен српски генерал и еден од најмоќните луѓе во воените судири во поранешна Југославија 1991-1995 година. 

Генералот Перишиќ од 1993 година бил началник на Генералштабот на војската на Југославија, патем и еден од најблиските соработници на Слободан Милишевиќ но, по завршувањето на војната и завршувањето на неговиот мандат во 1998 година тој ја менува страната, и станува дел од српската опозиција доживувајќи да му објавуваат документи дека соработувал со американската ЦИА.

И во опозицијата имал важна улога, па по превратот во Србија од 5 октомври 2000-та бил и потпретседател на владата кај тогашниот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Но, во март 2002 година владата на Демократите го апси заради шпионажа, а тој мора да даде оставка на вицепремиерската функција. Во март 2005 година Хашкиот трибунал подогнал обвинение против генерал Перишиќ за воени злосторства, но во 2013 година е ослободен од обвинението.

После се, сета моќ и сите врвни воени и политички функции, менувањето политички страни... денес генерал Момчило Перишиќ е само еден од патниците во белградскиот тролебус. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари