На Бугарите им е тешко во ЕУ, живеат со помалку од 300 евра месечно

За 36 лева (18 евра) биле зголемени трошоците за живот од почетокот на годината во Бугарија, а нето плата од 1. 180 лева 590 евра ( едно евро = 2 лева) се неопходни за нормално живеење, но голем дел од бугарските граѓани живеат под овој праг, па дури и под линијата на сиромаштија.

Просечната месечна бруто плата во Бугарија во 2017 година изнесувала 542, а нето платата што се исплаќа е 423 лева, пренесуваат бугарски медиуми. Во Софија, на едно четиричлено семејство му требаат 3.078 лева месечно, што е за 30 насто повеќе отколку трошоците на живот во другите делови во Бугарија

Во Бугарија 5.417.000 луѓе од помалку од 7 милиони жители на Бугарија живеат со приходи од 590
лева (295 евра) месечно.

Поврзани

Најнови вести

Коментари