Моментот кога пензионерката му пресуди на инвеститорот

Видеото со безбедносни камери ги откри деталите за убиството на инвеститорот Зоран Трифуновиќ, што се случи пред две недели во улицата кралот Александар.

Тој бил застрелан среде улица, од пензионираната Стојанка Цока Стојановиќ (70), која беше уапсена неколку часа по делото и се наоѓа во притвор. 

Убиството било снимено од камери од видео надзор на објект во близина.

Вознемирувачкото видео попладнево го објави ТВ Пинк.

Полицијата набрзо ја пронајде Стојанка дома во кревет. Таа негираше дека имала врска со злосторството, а полицијата ја претресувала нејзината куќа, каде што живее со нејзиниот син, инаку адвокат.

Дури и кога пиштолот бил пронајден, таа негирала дека го убила Трифуновиќ со кого била во спор за земјата на која се наоѓала нејзината куќа.

Судењето го чека во притвор.

Поврзани

Најнови вести

Коментари