Каменос го откажа состанокот со Ципрас: Прво да се реши ситуацијата во ФИРОМ

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, објави дека ја откажува средбата со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, кој требаше да се одржи денеска, пишува грчки „Катимерини“.

Состанокот на кој според „Катимерини“ требаше да се разговара иднината на владината коалиција, бил одложен поради одлагањето на седницата во македонското Собрание, на која на дневен ред се уставните измени, посочи Каменос.

Откако процедурата ќе заврши во македонското Собрание, таа се префрла во Грција, каде што пратениците исто така ќе треба да расправаат за договорот од Преспа. По ратификација во Собранието на Република Македонија, договорот треба да се ратификува и во Грција.

„Решивме да ја одложиме средбата со премиерот сé додека не се решат компликациите во ФИРОМ“, изјави Каменос.

Каменос додаде дека е во комуникација со премиерот, но дека разговорите не би можеле да продолжат само врз основа на возможни сценарија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари