Грчката опозиција против преспанскиот договор и по средбата со Меркел

„Нова демократија“ останува на цврстата позиција против преспанскиот договор, по средбата на нејзиниот лидер, Кириакос Мицотакис со германската канцеларка, Ангела Меркел, пишува „Катимерини“.

„Безразлика на тоа каков притисок врши Меркел врз Мицотакис, тој нема да ја промени својата позиција за договорот од Преспа“, изјави портпаролот на „Нова демократија“ по средбата на германската канцеларка со нивниот партиски лидер.

По состанокот двајцата не дадоа изјави за медиумите. Меркел, за време на средбите во Грција со грчкиот премиер, Алексис Ципрас и претседателот, Прокопис Павлопулос, изрази поддршка за преспанскиот договор, оценувајќи дека со овој договор е направен позитивен развој.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари