Германски воен брод се закотви во Сплит

Бродот „Рајна“ на германската воена морнарица се закотви во Сплит, како дел од посетата на хрватската морнарица, објави агенцијата „Хина“.

Капетанот на германскиот брод, Франк Магински, бил пречекан од претседателот на градскиот совет на Сплит, Игор Станишиќ, кој рекол дека Хрватска и Германија имаат добра соработка и дека Сплит ја продолжува традицијата за примање на странски воени бродови.

Капетанот Магински додал дека запознавањето на градовите и културите е важна основа за мир и стабилност.

Германскиот брод во Сплит ќе биде до средината на август, а граѓаните во сабота ќе може да го посетат и да го разгледаат.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари