(Фото) Саудиски агент се шетал низ Истанбул во облеката на Кашоги

Еден од 15-те осомничени агенти  за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашоги шетал низ Истанбул со неговата облека, пишува Си-ен-ен. Си-ен-ен објави и видео-снимка на која е прикажан мажот осомничен за убиството на новинарот како шета во кошула, палто и панталони низ улиците на Истанбул, исти како оние кои ги носеше новинарот на 2 октомври, кога влезе во саудискиот конзулат во Истанбул, а подоцна и беше убиен.

Американската телевизија успеала да стигне до, како што вели, ексклузивни снимки од камерите за надзор, како дел од истрагата на турската влада, а на нив се забележува мажот во облеката на Кашоги како со лажна брада и наочари излегува од задната врата на конзулатот, четири часа откако претходно влегол од предната врата.

Неименуван турски официјален претставник „лажниот Кашоги” го идентификуваше како Мустафа Ал-Мадани, за кого наведе дека е член на „одредите за смртта, испратен да го убие новинарот во саудискиот конзулат за време на посетата на која тој требаше да подигне документ за планираната свадба”.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари