logo
logo
logo

Брнабиќ: Тоа што ЕУ и го прави на Македонија никој не може да го објасни ни оправда

Vecer | 24.05.2026

Брнабиќ: Тоа што ЕУ и го прави на Македонија никој не може да го објасни ни оправда

Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ на меѓународна безбедносна конференција ГЛОБСЕК во Прага предупреди дека пристапот на Европската Унија кон Македонија, која дури го промени и своето име, а сè уште нема датум за почеток на преговорите, е крајно неправеден и сериозно го поткопува кредибилитетот на ЕУ.

– Тоа што се случува околу Северна Македонија едноставно не е праведно. Тоа е толку нефер што не може никому во светот да му се објасни. Државата го промени името, а за возврат не доби ниту датум за почеток на преговорите – истакна Брнабиќ за време на дебатата под наслов „Како надвор од чекалната – ново промислување на проширувањето“, пренесува Бета.

Таа додаде дека ваквиот однос предизвикува страв кај граѓаните во однос на какви било уставни измени, бидејќи постои ризик по неколку векови некоја земја повторно да измисли ирационален билатерален спор и да го блокира процесот.

Поранешниот австриски канцелар и министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, се согласи со нејзините констатации, нагласувајќи дека македонскиот случај јасно покажува оти ЕУ не смее повеќе да дозволува внесување на стари билатерални историски спорови во процесот на проширување.

Како негативен преседан тој го посочи фактот што на Грција ѝ беше дозволено да го внесе историскиот спор во пристапниот процес, додавајќи дека доколку се продолжи со таква пракса, ниту една земја нема да биде во состојба да влезе во ЕУ поради внатрешно-политички популизам.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk