Бугарските пожарникари се борат со повеќе шумски пожари во услови на топлотен бран, а најтешко е погоден југоисточниот дел на земјата, објавија медиумите.
Според официјалните извештаи, горат над 7.300 хектари шума и земјоделско земјиште во регионот Свиленград, во близина на тројната граница со Грција и Турција. Во некои области е прогласена вонредна состојба, но нема информации за повредени.
Пожарите во регионот би можеле да се преселат во Турција, јави приватната телевизија bTV.
Армијата е распоредена за гаснење на пожарите во регионот Пловдив на југ. Сообраќајот во областа беше пренасочен поради пожарот покрај автопатот кон Варна на Црното Море.
Топлотниот бран, прв од ова лето, најверојатно ќе продолжи со пораст на температурите над 40 степени Целзиусови во многу области, предвидуваат синоптичарите.
Фото: Илустрација
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата