Северина многу се надеваше на песните од нејзиниот последен албум „Sorry“, кои не заживеаја кај публиката, па е крајно разочарана и решила не само да не го објави остатокот од албумот (т.н. Б-страна) туку исто така да го стопира и спотот снимен за една од песните.
Како што дознава српски Курир од добро упатен извор, хрватската пејачка, како што самата објави на социјалните мрежи, требало да ги објави песните „100 степени“ и „Вуду риба“ како дел од првиот дел од албумот (А страна) , а за „100 степени“ снимила и високобуџетно видео.
Видеото е снимено во јуни минатата година, а според упатените, таа за него искеширала неверојатни 30.000 евра. Оние кои го виделе го сметаат за еден од најдобрите во нејзината кариера досега.
Меѓутоа, кога видела дека песните што први ги објави минуваат лошо (дури три од нив имаат помалку од два милиони прегледи речиси една година по нивното објавување) освен дуетот „Метак“ со Нучи (13 милиони прегледи), Северина донела одлука воопшто да не се емитува ова видео, и да не пушта уште една песна. Некое време подоцна таа се откажала од целиот втор дел од албумот, па решила целосно да го промени музичкиот правец и да се претстави пред својата публика во старо-ново светло и песни на кои работи моментално, за кои се уште не е познато кога таа ќе се најдат пред публиката.
Задега пејачката не ги искоментирала овие наводи, а дека нешто се случува е повеќе од јасно - со оглед на тоа дека многу време помина од најавите за нов материјал, а од него ни трага ни глас.