logo
logo
logo

Киану Ривс и неговата партнерка беа во центарот на вниманието на црвениот тепих

Vecer | 14.04.2024

Киану Ривс и неговата партнерка беа во центарот на вниманието на црвениот тепих

59-годишниот актер и неговата пет години помлада партнерка позираа на црвениот тепих и го украдоа целото внимание.

Медиумите пишуваат дека инаку самобендисаниот пар подоцна размениле нежности. Последен пат заедно беа фотографирани во јавност во ноември 2023 година.

"Добрата работа во заљубувањето како возрасен е тоа што ја градиш сопствената кариера пред да започне врската. Така беше. Се чувствувам многу самоуверено во мојата врска, се чувствувам самоуверено на црвениот тепих и како пар и сама“, изјави претходно Александра за магазинот People. Додала и дека Киану ѝ е голема мотивација.

Грант и Ривс ретко се појавуваат заедно на јавни настани, но кога се појавуваат, со задоволство позираат на црвениот тепих. Тие двајца се блиски со години, а соработуваа на книгата Ода на среќата, напишана од Ривс, а илустрирана од Грант.

Со текот на годините нивното пријателство се претвори во романса, но не сакаат јавно да зборуваат за својата љубов. Александра е уметник и филантроп од Лос Анџелес, која изложувала низ целиот свет. Родена во Охајо, таа е уметник откако дипломирала на колеџот Свартмор во 1994 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk