logo
logo
logo

Фото: Популарниот „аквамен“ има нова девојка

Vecer | 21.05.2024

Фото: Популарниот „аквамен“ има нова девојка

Филмскиот херој „аквамен“потврди дека е во врска со колешката Адриа Архон, споделувајќи романтични фотографии со својата избраничка од Јапонија на Инстаграм.

Новобрачната двојка ужива во патувањето низ азиската земја, а на социјалните мрежи споделија некои детали од оваа авантура.

На една од фотографиите Џејсон Момоа ја прегрнува насмеаната Адрија додека вечераат со пријателите, а на друга парот е насмеан и опуштен покрај морето.


Згодниот 44-годишник во описот на фотографиите ја нарече убавата бринета „љубов моја“ велејќи дека со неа споделил уште една возбудлива авантура и дека Јапонија е остварување на неговите соништа.

Момоа зад себе има брак со актерката Лиза Бонет, со која има две деца, но парот ја прекина врската во 2022 година и официјално се разведе оваа година.

После тоа, тој немаше јавна девојка, иако е познато дека извесно време се гледаше со колешката Еиза Гонзалес, која патем неверојатно наликува на Адриа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk