Јелена Карлеуша на Инстаграм објави интересна приказна која ја „спакувале“ нејзините фанови кои тврдат дека победникот на Евровизија, небинарниот Немо, го ископирал стајлингот на дивата од 1996 година.
Лицето од Швајцарија што ја однесе победата, Немо, на сцената беше облечено во стил кој потсетува на стајлингот на Карлеуша од пред неколку децении.
Споредбата ја направиле фановите на пејачката, а таа шегувајќи се ја споделила истата со кус коментар: - Крај! и насмеани емотикони.
Дали Немо знае која е Карлеуша и дали навистина нашол инспирација во нејзиниот стајлинг не е познато, ама секако шегата е одлична, а споредбата симпатична.