Актерката Џенифер Лопез (54) често го привлекува вниманието на светските медиуми не само поради нејзините улоги, туку и поради совршениот моден стил. Многу жени ги следат нејзините стајлинзи, бидејќи таа стана вистинска стилска икона и инспирација за многу трендсетерки.
Но, понекогаш се случува, како што е сега, дури и таа, повлечена од трендот, да направи некои исклучоци, кои добиваат повеќе негативни отколку позитивни коментари.
Таа вчера прошетала по улиците на Њујорк во необична комбинација на фармерки, кои се сè само не убави. Модел пронајден на полиците на познатите брендови, кој е хит меѓу ѕвездите, искинат, валкан, растресен, бил изборот на убавата Џеј Ло.
Фармерките брзо станаа предмет на полемики на социјалните мрежи, а многумина беа загрозени од овој нов тренд. Освен на фармерките, овој „валкан дезен“ сега може да се најде и во други парчиња облека, а можеби најстрашни се чорапите кои исто така станаа неизбежен тренд.
Заедно со валканите фармерки таа облекла и дуксер, па изгледала уште позапуштено. Иако сето ова е тренд, многумина се согласија дека изгледа многу подобро во некои парчиња кои ја истакнуваат нејзината витка, на која и позавидуваат многу помладите жени ширум светот.
Како шлаг на тортата, на овој и онака необичен стајлинг, Џенифер облекла чизми на платформа, со што сè беше уште полошо.
Дали по секоја цена треба да биде во тренд, прашуваат луѓето на социјалните мрежи... Се чини, дека одговорот е да, а дали вие би облекле „валкани фармерки“ пишете ни во коментар.