logo
logo
logo

Сунак: Иранскиот напад е опасна ескалација

Vecer | 15.04.2024

Сунак: Иранскиот напад е опасна ескалација

Тој потврди дека Велика Британија уништила голем број ирански беспилотни летала, но не појасни колку, јави Би-Би-Си.

Британскиот премиер рече дека разговарал со лидерите на Г7 со кои ќе истражува координација на „понатамошни дипломатски мерки“.

Тој исто така рече дека ќе му телефонира на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да изрази солидарност со Израел, но и да спречи понатамошна ескалација.

Сунак рече дека конфликтот во Газа „мора да заврши“, нагласувајќи го „ужасното страдање на цивилите“ и потребата да се отворат нови премини за помош во Газа.

Тој им оддаде почит на тројцата британски хуманитарни работници убиени во израелскиот напад во Газа и повика на хуманитарна пауза во Газа. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk