logo
logo
logo

ПОТВРДЕНО: Милан останува без данскиот дефанзивец

Vecer | 29.04.2024

ПОТВРДЕНО: Милан останува без данскиот дефанзивец

Централниот бек на Милан, Симон Кјер ќе го напушти клубот по завршување на сезоната, ова го пренесува данскиот „Болд“ кој го цитира агентот на играчот Микел Бек.
„Договорот му истекува ова лето и потоа Симон ќе го напушти Милан. Нема драма само тивка разделба на обострано задоволство. Пред неколку години, Симон ми рече дека сака да заигра за Милан еден ден. Тоа му се исполни, всушност фудбалерот одигра и најмногу натпревари во кариерата токму во Милан“, изјави Бек.
Во четири години Кјер одигра 120 натпревари за Милан во сите натпреварувања. И покрај тоа што се мачеше со повреди изминатите години, сепак, остана стандарден дефанзивец меѓу „росонерите“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk