logo
logo
logo

Парехо за Винисиус: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со луѓето на трибините

Vecer | 28.03.2024

Парехо за Винисиус: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со луѓето на трибините

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус јуниор често е навредуван на терените во Шпанија, а поради тоа влегува и во расправија со навивачите. Нема меч, а да не гестикулира кон трибините, да им се дере, а неодамна пред мечот меѓу Шпанија и Бразил се расплака на пресконференцијата кога зборуваше за неговата борба со расизмот.
Искусниот фудбалер на Виљареал, Дани Парехо смета дека бразилскиот фудбалер мора да го надмине овој проблем со тоа што ќе престане да се расправа со навивачите.
Винисиус е спектакуларен играч и мислам дека треба да се посвети на играта“, изјави Парехо посочувајќи дека доколку Виниус постојано реагира на таков начин, тој постојано ќе биде на удар на противничките навивачи.

Кога играте за Реал секогаш постои посебна атмосфера, луѓето постојано ќе пробуваат да ве „пецнат“ на некој начин… Со години играм на разни терени, ме нарекуваа пијаница и што уште не, но не се расправав со луѓето, ниту сум гестикулирал кон нив. Тоа не е потребно“, истакна играчот на Виљареал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk