logo
logo
logo

Чави: Утре сакам „Монжуик“ да биде врел котел

Vecer | 15.04.2024

Чави: Утре сакам „Монжуик“ да биде врел котел

Барселона последен пат играла полуфинале во сезоната 2018/19, а сега има шанса повторно да се пласира таму. Победата на „Паркот на принцовите“ од 3:2 им дава надеж, но, сепак, треба да се внимава на ранетиот противник од Париз.
А за тоа и треба добра атмосфера на „Монжуик“ и истата да биде инспиративна за момците на Чави.
Победата во Париз ни даде самодоверба и верба дека можеме да се натпреваруваме со една од најголемите екипи на светот. ПСЖ и генерално екипите на Луис Енрике секогаш играат напаѓачки. Уште повеќе кога губат. Ако не калкулирале цела сезона, сигурно нема ни сега“, изјави Чави.

Во вторник сакам Монжук да биде врел котел. Тоа е многу важно за клубот и сигурен сум дека навивачите ќе помогнат. Монжуик мора да изгледа како Ноу Камп во големите мечеви“, додаде тренерот.

ПСЖ нема да калкулира, ќе биде храбар, меѓутоа ние сме во предност затоа што играме на свој терен“, кажа Чави.

Интересно, откако Чави јавно кажа дека ќе си оди од Ноу Камп по завршување на сезоната, Барселона забележа 10 победи и три ремија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk