Крушево градот кој што во почетокот на 20-тиот век гордо се
исправи, градот кој што на почетокот на 20 век се бореше за промени, за подобар
живот, за слобода, за правда. Градот кој што и на 24 ти и на 8 ми мај ќе се
одважи да донесе голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, кажа Ѓорѓија Сајкоски носител на
изборна единица 5 на денешниот митинг во Крушево во рамки на претседателската
кампања.
Сајкоски додаде дека дојде време да се обединиме, дојде
моментот кога нашето единство ќе докаже дека е најголема сила. Да покажеме дека
нашата различност може да носи просперитет на нашата држава. Затоа ние денес од
овде од Крушево зборуваме како ќе ја градиме и како ќе изгледа Македонија после
24 ти и после 8 ми мај со ваша огромна помош. Со помош на Крушево со помош на
луѓето од изборна единица 5 со граѓаните на цела Македонија.
Сајкоски од Крушево порача дека ние не водиме кампања против
никого, ние водиме кампања за доброто на Македонија, за ваше добро како нејзини
жители и додаде:
Ние сакаме да побараме поддршка за да може да изгледа
Македонија онаква каква што ја сонувавме во 90-тите. Сонувавме просперитетна,
модерна држава, држава која што беше и мора да биде повторно респектирана и
дома и надвор. Ние нудиме различен концепт затоа ве повикувам на 24 ти да
излезете масовно да гласате за концептот кој што го предлага ВМРО-ДПМНЕ и
поддршка за<span style="mso-spacerun:yes"> </span>претседател на Македонија,
Гордана Силјановска Давкова.