<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Д</span>енеска
сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со
производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да
го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е
намален<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">, рече Александар
Николоски<span style="mso-spacerun:yes"> </span>потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и
носител во ИЕ 4</span>
Производството е намалено некаде за околу 8 милиони литри, а
додека извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно, така да тоа се лоши
цифри. Споредувам 2023 година со 2016 година и тоа се лоши цифри кои говорат
дека не се води правилно политика во делот на производството на вино.
Тука мислам дека една од причините е лошата политика на
субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој
го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме
во однос на поправање на работите на секторот.
Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани
цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на
системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите.
Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на
нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се
зголеми конкуренцијата и да, исто така, се подобрат цените и се подобри
производството.
Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов
систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да
се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што
сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии,
средни винарии се иднината на Македонија и таму што ќе можеме да понудиме
најдобар производ.
Еве ќе поразговараме сега, ќе можеме да ги видиме и другите
детали, но ова е она што во суштина на нашата политика<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">, рече Николоски.</span>