<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Како по обичај за
1 мај се очекуваат дождови, а граѓаните кои сакаат да одат на излет или да
прават скара за Денот на трудот, најмногу ги <span style="mso-spacerun:yes"> </span>интересира дали ќе ги фати дожд.</span>
Во среда ќе има изолирана, а во четврток на повеќе места ќе
има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на
краткотрајно невреме, соопшти УХМР.
Од петок и за време на викендот времето ќе биде променливо
облачно со повремени врнежи од дожд, ќе дува северен ветер, а температурите ќе
опаднат за неколку степени.