За жал и лошите вести брзо се шират. Огромна благодарност за
поддршката до нашата ценета и почитувана Дорис Пак, поранешна претседателка на
организацијата на жени на Европската народна партија (EPP Women), поранешна
пратеничка во Европскиот парламент и актуелна претседателка на Институтот
Роберт Шуман, изјави Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на
ВМРО-ДПМНЕ.
Јас сум денес на конференција во Косово, но слушнав за овој
срамен инцидент, во рамки на изборната кампања на СДСМ во Куманово. Активист
искажал сексистички навреди кон Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова,
прекрасна жена, високо почитувана, која е кандидат за претседател на државата.
И таа би била добро лице, репрезент на вашата држава. Таа е навредена од
активист, а уште поголем проблем е тоа што никој од другите активисти или
политичари не реагираа. Јас очекував дека барем Претседателот на државата би реагирал
и би го осудил тоа. Ништо од тоа не се случи. Ова е срамно. И можам да кажам
дека ова не е во корелација со човечки и Европски вредности“.