Македонија е на
врвот во регионот по раст на цените на становите и недвижностите, а последниве
години во топ 10 по поскапување во Европа.
За Македонија,
најновите статистички податоци покажуваат дека имотите поскапуваат со висока
стапка од 20,6%. Најверојатната причина за сегашниот раст е тоа што од 2020
година земјава веќе е во формални преговори за влез во ЕУ и дури сега е
Над 2.000 евра за
метар квадратен скокнаа цените на становите во центарот на Скопје, иако пазарот
на недвижности регистрира намалена, односно забавена побарувачка на станови во
однос на 2022 година. Понудата е зголемена, посебно на постарите градби, но нивните
сопственици во време на пораст на цените сакаат да ги продадат што повеќе.
Цената на
квадратен метар за новоградба која треба да никне за година две во централниот
дел на Скопје се приближи до 2.200 евра.
Оваа година
цените на становите постојано се зголемуваа, а тоа го покажуваат податоците на
Народната банка. На крајот од третиот квартал заклучно со 30 септември, цените
рипнале за 11 отсто на годишно ниво, односно на 2,9% повеќе во однос на вториот
квартал.
Најголем раст на
цените имаше во првиот квартал, дури 18,8% на годишно ниво, односно за 6,2%
повеќе во однос на истиот период во 2022 година. Во вториот квартал имаше раст
од 13 отсто.
Ако се споредат
податоците од 2022 година кога растот на цените квартално беше 12,4%, 16,5%,
21,3,%, се гледа дека во однос на лани има тренд на забавување на растот, но
цената се уште расте.
Очекувањата се
дека во следната година ќе се смири пазарот на недвижности затоа што
побарувачката е намалена, а понудата е речиси двојно зголемена.
Доколку продолжи,
нереалното билдање на цените на становите може да ја доведе во опасност
финансиската стабилност на државата.