„Рекордот од Брвеница посебно ме радува, затоа што докажува
дека тука – во Брвеница нема никаков проблем со тоа што живеат различни
националности, бидејќи сите тие направија избор со кој покажаа дека се
задоволни од работата и посветеноста на градоначалникот Јовица, без разлика на
неговата партиска или политичка определба. Јовица, ова треба исклучително да го
цениш и негуваш, иако сум свесна и имам на дело видено дека токму со личен
пример самиот не правеше никаква разлика спрема жителите и населените места.
Градеше и помагаше подеднакво секому и секаде. Водеше кампања откако стана
градоначалник, а неговото мото на кампањата е само работа, постојан контакт со
жителите и покажување слух и внимание за нивните барања. Резултатот го видовме
на 24-ти април. Резултатот ќе го видиме и на 8-ми мај“, истакна Дафина
Стојаноска, носител на изборна единица 6 од митингот во Брвеница.
Стојаноска додаде дека на актуелнава аздисана власт и’ се
случи народ. Не е свесна, кутрата, дека ќе и’ се случи уште повеќе народ.
Бројноста и излезноста се пркос на нејзината неспособност и ароганција.
„Сме немале понеспособни Влади од последните. Сме немале
полоши претставници надвор од Македонија, од овие досегашните. Сме немале толку
срам и понижувања видено и доживеано, колку што тоа ни се случуваше изминативе
7 години. Сите вредности ги испревртеа и срушија. Владееја само со моќ и
надгласувања. Ги избркаа паметните, за да не слушаат нивни совети и критики.
Завладеаја со просечност и потпросечност, со сомнителни дипломи, уште
посомнителни тендери и со никаква одговорност. Институциите им служеа како приватни
фирми, а министерствата ги претворија во спортски игралишта и игротеки. Аздисаа
без мерка и усул. Ете затоа им се случи народ“, рече таа.
„Да ве потсетам на програмата „Платформа 1198“ и на
проектите кои се однесуваат за општина Брвеница, а тоа се: ново училиште во
село Брвеница и доградба на градинката за згрижување на повеќе од 60 деца,
спортска сала и градинка во Челопек. Проекти кои вие сте ги побарале, а
ВМРО-ДПМНЕ ги пресмета и испланира за наредните 4 години“, истакна Стојаноска.
Таа укажа дека со ВМРО-ДПМНЕ пополека ќе ја врати насмевката
на пензионерите, на кои во првата година ќе им ги зголеми пензиите за 5.000
денари.
„Време е Македонија да се исправи и да ја започне обновата.
Македонија станува твоја, а не заробеник на мафијата. Македонија станува
европска, по почитување на закони и нивно имплементирање. Македонија станува
светска, затоа што има богата историја и култура. Најважно, Македонија<span style="mso-spacerun:yes"> </span>се враќа во рацете на луѓето и суверенот. За
тоа ќе се погрижат идната претседателка Силјановска Давкова и идниот премиер
Христијан Мицкоски“, додаде Стојаноска.