Британски „Дејли мејл“ отиде чекор понатаму и откри уште неколку интересни факти за посилниот пол.
Тие обично го кажуваат судбоносното „да“ на 32 години, а една година подоцна го добиваат првото дете, првата работа ја наоѓаат во просек на 21 година, шест пати го менуваат работното место во текот на животот, 125 дена поминуваат на боледување и барем еднаш доживуваат романса на работа.
На 23-годишна возраст најчесто го полагаат возачкиот испит (од нив 48 проценти од првиот обид), на 29 најмногу уживаат во сексот, а една година подоцна веќе имаат проблем со пивскиот стомак.
На 35 години мажите сериозно се грижат за својот изглед, а најмногу ги мачи ќелавоста која е наследна кај околу 40 отсто од припадниците на посилниот пол. На почетокот на петтата деценија мислат дека повеќе не им се привлечни на жените, а потоа се борат со кризата на средните години.
Припадничките на понежниот пол веруваат дека мажите созреваат дури на 43 години, кога се соочуваат со првиот развод, а на 49 најчесто изневеруваат. Мажите на 50 години го доживуваат деловниот врв и најмногу заработуваат.