На докторот кој се снимал додека има секс со жени во ординацијата во која работел, додека пациентите чекале ред надвор, му претстои крај на медицинската кариера.
Самопризнатиот зависник од секс, д-р Том Плимер (40), кој се појави во емисијата „First Dates“ на британскиот Канал 4, му покажал на колегата порнографска снимка што ја снимил на ординација во Свиндон, а потоа на својата медицинска сестра и испратил 197 фотографии и видеа на кои имал секс со десетици жени откако таа била „принудена на врска со него“.
Судската служба за медицински лекари, британски суд кој решава поплаки против лекари, добила информации за тоа како во ординацијата поканил две жени кои ги запознал на страниците за запознавање и водел љубов со нив додека му траело работното време.
Имено, тој имал секс со најмалку шест жени во својата канцеларија и испраќал фотографии од својот пенис на својата љубовница додека чекал следниот пациент да дојде од чекалната. Давајќи докази на рочиштето, тој им се извинил на своите поранешни љубовници и пациенти за неговото „одвратно“ однесување.
Д-р Плимер претходно е прогласен за виновен за низа обвиненија поврзани со неговата колешка, вклучително и шетање низ канцеларија со откопчани панталони, испраќање несакана содржина и ставање на нејзината рака на неговиот пенис во ерекција.
Обвинет е и за сексуален чин во ординација, пишува Дејли мејл.
Колешката на сослушувањето изјавила дека започнала „весело пријателство“ со д-р Плимер со разиграни инсинуации, но од март 2018 година тој и се доверил за неговата зависност од секс и размениле околу 5.000 телефонски пораки.
Една порака гласела: „Можам ли да ти кажам една тајна? Ти си ми омилена“. Доктор Плимер и покажал дури 197 фотографии и видеа на кои има секс со други жени.
Во една прилика, во јануари 2019 година, тој ја однел во својата ординација пред да ја стави нејзината рака на своите гениталии.
Имено, д-р Плимер признал дека им испраќал експлицитни видеа на жените, но тврдел дека тие секогаш се согласувале на тоа.
Тој се соочил со 16 обвиненија поврзани со колешка, вклучително и обид да ја бакне без согласност и да и пријде со откопчани панталони. Тој и покажувал и видеа на кои има секс со други жени додека бил на работа.
Д-р Плимер, исто така, се впуштал во сексуална активност за време на работното време со една жена во јануари 2020 година и друга во мај 2020 година. Тој призна дека праќал фотографии од неговиот пенис, од кои сите биле направени на работа. Наскоро се очекува да биде одреден датумот кога ќе му се суди на Плимер.