За две Британки нивниот
празничен сон се претворил во кошмар.
Имено, поради
невнимание на превозникот наместо на Мајорка по грешка пристигнале на островот
Менорка. Грешката се случила и покрај тоа што билетите им биле проверувани
неколку пати за време на качувањето, пренесува британскиот таблоид Мирор.
Линда Трестрејл
(69) и Венди Расел (71) ја забележале грешката дури кога пилотот најавил
слетување во Менорка. Британската нискобуџетна компанија Jet2 се извинила за
пропустот, наведувајќи ја „човечката грешка“ и проблемот со итните служби на
аеродромот во Бристол. Сепак, двете жени се револтирани од серијата пропусти со
кои се соочиле и тврдат дека не добиле никаков надомест.
„Слушаме за куфери кои одат на погрешни летови, но не и за луѓе. Причината што ја резервиравме
Мајорка беше краткиот лет, знаевме дека нашата подвижност не е добра, па не
сакаме долго патување“, рече Линда.