Се претпоставува дека Алма Арази од Скадар се удавила себеси и нејзините три малолетни деца скокајќи со нив во реката Бојана, но албанскиот новинар Дритан Лаци тврди дека треба да се истражи и можно убиство.
Искажал неколку сомнежи за албанските медиуми, наведувајќи дека сопругот на Алма имал врски со банди во Скадар.
Рекол и дека жените кои се плашат да пријават насилство затоа што нивниот сопруг е „јак човек во градот“, можат истото да го пријават и во друг град. Исто така рекол дека и во овој случај, сопругот на Алма, Ергис Арази, бил „јак“ во Скадар и поврзан со банди.
Според него, треба да се расчисти и истражи последниот разговор што Алма го имала со нејзината снаа, сопругата на братот на нејзиниот сопруг. На Лацио му е сомнителен и фактот што настаните се случија во последните четири дена, кога братот на Ергис излезе од затвор.
„Треба да се истражи и убиство во овој случај, треба да се види, бидејќи последните снимки се на влезот во реката Бојана и таму има две населени места, едното од кое се влегува на мостот и едното што излегува на реката и двете имаат камери. Факт е дека решетките на мостот се високи метар и половина и дека рибар би требало да се качи на мостот за да фрли мрежа, па како успеала сама мајка со три деца... Би требало да се истражи во две насоки и не смееме да заборавиме дека настаните се случија во последните четири дена кога братот на Ергис излезе од затвор. Има некои траги кои треба да се погледнат, како и зошто последен пат се сретнала со сестрата на нејзиниот сопруг“, рекол новинарот.
Полицијата го пронајде телото на Алма Арази (39) која во четвртокот се удави во Бојана со двете ќерки и малиот син. Телото на четиригодишното момче Ардит беше пронајдено неколку часа претходно, недалеку од местото каде во понеделникот беше пронајдена неговата осумгодишна сестра Грејси. Телото на деветгодишниот Ергеза случајно го пронашол рибар во саботата вечерта.
Алма Арази во четвртокот вечерта скокнала од стариот мост во Скадар со своите три деца во реката Бојана. Се шпекулира дека Алма наводно видела фотографии од љубовницата на сопругот на неговиот телефон пред да исчезне.
Ергис Арази, сопругот и таткото на деца, беше уапсен во неделата под сомнение дека го предизвикал самоубиството на неговото семејство.