logo
logo
logo

СБ на Косово: Србија поседува илјадници дронови како оние со кои се нападна Израел

Vecer | 15.04.2024

СБ на Косово: Србија поседува илјадници дронови како оние со кои се нападна Израел

На барање на косовскиот премиер Албин Курти, Советот за безбедност на Косово во неделата вечерта одржа седница по повод нападот на Иран врз државата Израел и можните импликации врз глобалниот и регионалниот мир и безбедност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според денешното соопштение на Владата на Косово, на седницата било истакнато дека Србија, „која континуирано покажува агресивно однесување“ кон Косово, поседува илјадници беспилотни летала како оние со кои Иран го изврши нападот.

- Владата на Република Косово веднаш го осуди нападот на Иран врз Израел, оценувајќи го како чин без преседан што претставува ризик за дестабилизација на Блискиот Исток и натамошна ескалација на безбедносната состојба. Нападот е извршен со беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство. Илјадници вакви беспилотни летала поседува и Србија, која континуирано покажува агресивно однесување кон нашата Република, особено долж границата што ја делиме, се вели во соопштението.

Во него се наведува дека „безбедносните институции на Република Косово со зголемено внимание ги следат последните случувања и ја следат безбедносната состојба на секојдневна основа и во тесна координација и соработка со (мисијата на НАТО во земјата) КФОР и стратешките партнери“. /МИА 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk