logo
logo
logo

Брнабиќ одговори на барањата на опозицијата: Ги прифаќам предлозите за изборите, освен еден

Vecer | 15.04.2024

Брнабиќ одговори на барањата на опозицијата: Ги прифаќам предлозите за изборите, освен еден

Таа повика на нов разговор во среда, 17 април, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ во својот одговор наведе дека ги прифаќа сите предлози, освен оној за одложување на изборите во Белград, кој, како што наведе, е против Уставот на Република Србија.

Таа посочи дека е неприфатливо одложување на изборите во Белград, кои согласно законот се закажани за 2 јуни, што значи дека изборите во Белград не можат да се спојат со останатите локални избори.

Брнабиќ изјави дека би сакала искрено да им се заблагодари на сите пратенички групи, на партиите кои во моментов немаат формирано пратенички групи, како и на граѓанските организации кои во петокот на 12 април ги доставија своите предлози за тоа како на ефикасен, транспарентен и инклузивен начин да е продолжи со спроведувањето на сите препораки на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), како и предлозите за членовите и начинот на формирање и работа на Комисијата за увид, ревизија и контрола на Единствениот избирачки список (JBS)./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk